Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шевченко откри во какво лудо издание го видел Пипо утрото пред големото финале со Јувентус: Бараше замислен судија……

Објавено

на

Милан беше една од движечките фудбалски сили во Европа на стартот на новиот милениум и играше дури во три финалиња во Лигата на шампионите, од кои победи на две.

„Росонерите“ имаа двоен судир со Ливерпул и успеаја да се рехабилитираат по болниот пораз во Истанбул реванширајќи се две години подоцна, но две години пред финалето во 2003-та година, светската спортска јавност беше сведок на италијанско финале во кое Милан ги опдмери силите со Јувентус.

Во споменатото финале, Милан стигна до својата шеста титула во најелитното натпреварување, а стрелец на решавачкиот гол во пенал рулетот беше Андриј Шевченко.

– Секогаш сум имал дилеми каде да шутирам, но никогаш страв. Пред да го изведам клучниот пенал, се потсетив на многу нешта. Моето тешко детство во Чернобил, на мојот пријател кој почина, на се. Си реков: Немој да го менуваш мислењето, шутирај кадешто прво замисли. Се сеќавам дека го ставив јазикот на мојата усна и сфатив дека устата ми е комплетно сува. Кога стигнав до половина од залетот, видов дека Буфон оди на спротивната страна. Пред сите други знаев дека тоа е крајот, таа слика ќе ја паметам засекогаш, – вели Шева во интервјуто за „Кориере дела Сера“, во кое открива каква легенда е Пипо Инѕаги.

– Пипо е опседнат со фудбал. Утрото пред финалето во Манчестер, се разбудив и погледнав низ прозорецот. Бевме сместени во хотел до кој имаше терен за голф. Забележав човек како трча сам, правеше некои движења и гледаше наоколу дали има невидлив судија кој ќе досуди офсајд. Поентираше во замислен гол. Таа личност беше Пипо, – открива Шевченко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни