Поврзете се со нас

Англија

Се врати во Англија: Бразилецот Вилијан повторно ќе игра во Премиер лигата

Објавено

на

Бразилецот Вилијан долго време настапуваше во Англија носејќи го дресот на Челси и Арсенал по што во 2021 година одлучи да се врати дома со желба да ја заврши кариерата во Коринтијанс, клубот во кој започна да игра фудбал.

Меѓутоа Вилијан се соочи со одредени проблеми во составот од Сао Пауло, па се реши одново да се врати во Европа и тоа во Премиер лигата.

Имено нов клуб на офанзивецот е повратникот во елитната англиска конкуренција Фулам. Тој ги минал медицинските тестови во Лондон со што се надминати сите пречки за договорот со важност од една година.

Поранешниот бразилски репрезентативец во Европа има играно уште за Анжи и за Шахтјорд Доњецк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни