Поврзете се со нас

Балкан

Се враќа во Кипар: Чеде Јаневски ќе му биде тренер на Здравковски

Објавено

на

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски му се враќа на клупскиот фудбал и тоа во многу позната земја за него-Кипар.

Јаневски од 2021 година работеше како асистент во селекцијата на Јужна Африка, но таа приказна е веќе зад него затоа што седнува на клупата на АЕЛ Лимасол. АЕЛ има катастрофален почеток на сезона и по првите четири кола освои само еден бод, па поради тоа ракодвоството на клубот одлучи да се раздели со Португалецот Силас по вчерашниот пораз од Докса на Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.

Фантастичниот Шишковски одбрани пенал, Докса подобра од АЕЛ Лимасол на Здравковски (ВИДЕО)

Договорот на Јаневски е до крајот на сезоната, а ова воедно значи дека ќе му биде тренер на поранешниот младински репрезентативец Давод Здравковски.

Чеде многу добро го познава фудбалот на Кипар затоа што досега има работено во Енозис, Олимпијакос Никозија и Етникос Ахна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни