Поврзете се со нас

Балкан

Фантастичниот Шишковски одбрани пенал, Докса подобра од АЕЛ Лимасол на Здравковски (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дамјан Шишковски има фантастична вечер на голот на Докса во првата лига на Кипар, вечер која беше заокружена со победа над фаворизираниот АЕЛ Лимасол со 2-1.

Шишковски беше на највисоко ниво, ги скроти скоро сите удари на домашниот тим, односно освен вториот пенал на Берахино кој за малку ќе го одбранеше односно му избега топката низ прсти.

Нашиот ас го прочита Џалма Силва во 59 минута и ја остави Докса во водство од 1-0. Меѓутоа во 64 минута беше досуден нов пенал при кој Дамјан беше на вистинската страна, ама топката сепак заврши во мрежата.

Сепак Бени во 79 постигна втор гол за Докса за три бода.

Кога се во прашање македонските интернационалеци, Давор Здравковски ги одигра сите 90 минути за клубот од Лимасол, додека кај гостите од 74 минута играше Душко Трајчевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни