Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт остана без уште еден играч за дуелот со Украина

Објавено

на

foto: https://twitter.com/England

Англија ги стартуваше новите квалификации со победа над Италија, но селекторот Герет Саутгејт и натаму има сериозни проблеми со ростерот.

Уште пред првата средба поради повреди отпаднаа неколку играчи, вклучувајќи го Маркус Рашфорд, суспендиран е Лук Шо кој доби црвен картон во Неапол, а денеска од националниот тим се повлече и Рис Џејмс.

Бекот на Челси ја напуштил тренинг базата на националниот тим и ќе ја санира повредата под надзор на лекарскиот тим на својот клуб.

ФА не потврди за каков проблем се работи, но Челси се соочува со отсуство на важен играч каков што е Џејмс, исто како и англиската репрезентација. Саутгејт решил да не повикува замена за Џејмс.

Во натпревар од групата во која игра и Македонија, Англија утре ја пречекува Украина на „Вембли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни