Поврзете се со нас

Европски првенства

Саутгејт ги изненади англиските фанови со едно решение за составот против Хрватска

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација го отвора настапот на Европското првенство со дерби дуел против Хрватска, а селекторот Герет Саутгејт направи едно интересно изненадување во составот.

Англиските фанови се изненадени од фактот што на позицијата лев бек ќе настапи Киран Трипие, а најголем дел од нивните реакции се негативни и велат дека Саутгејт експериментира непотребно бидејќи има квалитетни фудбалери на оваа позиција (Чилвел и Шоу).

Голем број фанови посакуваа стартер да биде и Грилиш, но тој ќе чека шанса од клупата.

На „Вембли“ во стартниот состав ќе истрчаат Пикфорд, Вокер, Рајс, Стоунс, Трипие, Филипс, Мингс, Маунт, Фоуден, Стерлинг и Кејн.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ го испрати досега стандардниот лев бек Борна Баришиќ на трибините, а на левата страна ќе настапи Јошко Гвардиол.

На голот е Ливаковиќ, а во тимот се и Гвардиол, Вида, Чалета-Цар, Врсаљко, Брозовиќ, Ковачиќ, Модриќ, Перишиќ, Крамариќ и Ребиќ.

Натпреварот започнува од 15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни