Поврзете се со нас

АТП

Рубљов и Циципас ќе водат битка за пехарот во Монте Карло

Објавено

на

Андреј Рубљов и Стефанос Циципас ќе се борат за пехарот на АТП Мастерсот во Монте Карло.

Русинот и Гркот ги потврдија улогите на фаворити во полуфиналните мечеви и утре во меѓусебна пресметка ќе одлучат кој е шампион на овој турнир во малото кнежество. Рубљов по вчерашниот триумф над Рафаел Надал денеска беше подобар од Каспер Руд со 2-0 во сетови (6-3, 7-5 ).

Ова за Андреј е прво финале на Мастерсите од серијата 1000 и истото со нетрпение го очекува.

-Ова е фантастично чувство. Мое прво финале и многу сум среќен. Ќе видиме што ќе се случи, ќе дадам се од себе, -порача 23-годишниот Русин.

Претходно Циципас беше убедливи против Даниел Еванс со 6-2, 6-1. Ова ќе биде седми меч меѓу Андреј и Стефанос, а тој што ќе победи ќе го преземе водството во меѓусебните пресметки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни