Поврзете се со нас

Франција

Ротен со брутална порака до Галтие: Не ја искористи шансата и не заслужуваш втора сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

ПСЖ ја освои титулата во француското првенство, но повторно потфрли во Лигата на шампионите, што го става тренерот Кристоф Галтие во неизвесна позиција во пресрет на следната сезона.

Самиот Галтие е свесен дека може да биде отпуштен, па изјави дека заслужува втора сезона со она што било прикажано во претходната, но Жером Ротен смета дека тренерот не е во право.

Поранешниот играч на ПСЖ во свој стил испратил тешки зборови на сметка на Галтие и му порачал дека потфрлил во својата задача.

– Точно е дека Галтие ја освои титулата со ПСЖ, но тоа не е мерило за успех во овој клуб. Тоа се виде и по начинот на кој самите фудбалери, па и фановите го прославија трофејот.

– Кога водите тим како ПСЖ мора да има одреден изграден стил на игра, идентитет… Во ерата на Галтие нема такво нешто, тој многу експериментираше и тестираше, толку многу што на крајот ја загуби контролата и тоа се гледаше на натпреварите.

– ПСЖ има 9 порази на последните 27 натпревари, што значи пораз на секој трет дуел, тоа не смее да се случува. Извини Кристоф, но ја промаши сезоната, имаше шанса, но не заслужуваш уште една сезона во ПСЖ, – порачал Ротен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни