Поврзете се со нас

Мото ГП

Роси си го упропасти јубилејниот викенд со голема грешка, Квартараро издоминира во Каталонија (Видео)

Објавено

на

По фантастичниот старт на сезоанта и двете почетни победи, Фабио Квартарато мораше да чека до трката за Големата награда на Каталонија за да се израдува на нов триумф, но истиот беше и тоа како заслужен ако се знае дека имаше брутален ритам кој беше недостижен за другите.

Иако стартот не беше најдобар за „Ел Диабло“ кој беше престигнат од страна на Валентино Роси, Французинот успеа да напредува од круг во круг, па доста лесно го мина Валентино, а потоа и тимскиот колега Морбидели.

Квартарарто во продолжение беше недостижен за двајцата конкуренти и брзо им се „одлепи“, а потоа следеа две грешки на Морбидели и Роси, од кои онаа втората на поискусниот скапо го чинеше. Најпрво погреши Морбидели кој фати прешироко еден свиок, но кога Валентино беше втор на десет круга пред крајот, направи голема грешка и заврши на асфалтот.

На овој начин, Валентино самиот си ја упропасти својта јубилејна 350-та трка во „кралската класа“, додека Морбидели очигледно премногу ги потроши гумите, па во завршницата беше минат од двајца ривали.

Покрај Квартараро, на пиедесталот завршија двајцата возачи на Сузики, односно Јоан Мир и Алекс Ринс кои во последните два круга го престинаа Морбидели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни