Поврзете се со нас

Свет

Ристовска и ЦСКА им се вратија на победите во Русија

Објавено

на

foto:twitter.com/whccska

ЦСКА Москва на Сара Ристовска го заборави неуспехот во дербито против Ростов Дон и тоа со триумф во пресметката со Астраханочка од 30:24.

Гостите имаа јасна цел на оваа пресметка и тргнаа фуриозно, игра која им овозможи првиот дел да го добијат со 18:10. По ваквиот резултат, предност беше се полесно за ЦСКА која во продолжението одигра рутински онолку колку што беше доволно за да се заокружи, потврди победата,

Ристовска за 30 минути на теренот даде еден гол, прво име на листата на стрелци беше Кулак со пет реализации.

И во следната рунда Сара и компанија ќе се соочат со Астраханочка со таа разлика што сега ќе ја имаат улогата на домаќини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни