Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ со добра и лоша вест за повредите на Мбапе и Верати

Објавено

на

Од таборот на францускиот шампион ПСЖ во пресрет на натпреварот со Аталанта во Лигата на шампионите објаснија како стојат работите со повредените играчи.

Навивачите најмногу ги интересира повредата на Килијан Мбапе и дали тој ќе биде подготвен за дуелот со италијанскиот тим кој на програмата е на 12. август.

Во врска со младиот француски фудбалер од ПСЖ пренесоа позитивни вести, што не е случај и со Марко Верати кој на тренинг добил силен удар и би можел да отсуствува подолг период.

– Рехабилитацијата на Мбапе продолжува по планот. Се врати на трчање без топка, -кратко коментираа од ПСЖ.

Што се однесува до Верати, тој добил силен удар во колкот на тренингот и се стравува дека е оштетен мускулот, па неговата состојба ќе се следи будно во следните 72 часа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни