Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Признанија за Македонците: Стоилов и Митревски во дрим-тимот на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Брилијантните партии на Никола Митревски и Стојанче Стоилов им донесоа признанија, места во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите.

Голманот Митревски блескаше против Пик Сегед со 15 одбрани, додека пак Стоилов со свој личен рекорд, осум гола во елитното натпреварување го предводеше Вардар во славјето над Флензбург во СЦ „Јане Сандански“.

Овие изданија на Македонците не беа заобиколени од ЕХФ која ги смести во најдобрата седумка на 4. рунда, тим во кој се најдоа уште Јондал од Флензбург, Хансен од ПСЖ, потоа средниот бек на Елверум, Пујол, тука е Мем од Барселона како и десното крило на Кјелце, Гудјонсон.

Претходно да потсетиме одбраната на Митревски против ПИК Сегед беше прогласена за број еден на колото, а пак мајсторијата на Столе го зазема второто место во изборот на Топ 5 најтрактивни голови.

Летечкиот Митревски ја има одбраната на колото во ЛШ, вториот најтрактивен гол е дело на Стоилов (ВИДЕО)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни