Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Летечкиот Митревски ја има одбраната на колото во ЛШ, вториот најтрактивен гол е дело на Стоилов (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонските репрезентативеци, Никола Митревски и Стојанче Стоилов имаа извонредни настапи на клупски план за нивните Порто и Вардар во вчерашните мечеви од Лигата на шампионите, а за тие партии денеска пристигнаа признанија од елитното натпреварување.

Митревски кој беше брилијантен против Пик Сегед се најде на првото место на Топ листата кога се во прашање најдобрите одбрани. Никола полета и го спречи Канелјас да даде чист гол, па сосема заслужено се најде на првата позиција на листата на ЕХФ.

Стоилов кој беше лидер во триумфот на Вардар над Флензбург со магичниот гол со шрауба против бундеслигашот го обезбеди второто место на најтрактивни погодоци на 4. коло зад Лук Абало од Елверум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни