Поврзете се со нас

Франција

Поранешната голема ѕвезда на ПСЖ: Клубот мора да му одржи лекција на Нејмар за последната изјава

Објавено

на

Нејмар стави потпис на нов астрономски договор со ПСЖ до 2025-та година и се обврза на верност кон „светците“, а токму поради тоа, голем дел од француската јавност го испрати со големо неверување и жестоки критики неговото последно интервју.

Бразилецот најави дека наредното Светско првенство во Катар кое се игра во 2022-ра година ќе биде последно за него во кариерата, но исто така додаде дека не е сигурен дека ќе има доволно останата ментална сила за да се бори со сите останати случувања во фудбалот по крајот на овој турнир.

Со оваа изјава, Нејмар индиректно порача дека размислува и на рано повлекување од фудбалот, што за француската јавност е еден знак на непочитување кон клубот кој го плаќа веќе со години наназад.

Како и обично, со директна порака во јавноста излезе поранешната голема ѕвезда на ПСЖ, Жером Ротен, кој смета дека на Бразилецот му недостасува храброст во ситуација кога се соочува со тешки моменти, како што се овие од стартот на сезоната.

– Последните изјави на Нејмар се ужасни за ПСЖ. Минува низ лоша етапа, се гледа дека не е во посакувана форма и веднаш покажува недостиг на почит кон клубот. Нејмар е извонреден фудбалер кога е во добра форма, но проблемите настануваат кога минува низ лош период. Во такви ситуации му недостасува храброст. Јасна е неговата љубов кон Бразил, сака да го освои мундијалот и ќе има последна шанса во 2022-ра година. Сепак, ќе го потсетам на неговите обврски. Кога си играч на вакво ниво, кога претставуваш клуб кој те плаќа со години и во кој си решил да ја завршиш кариерата, не смееш да излезеш со таква изјава. Се надевам дека ќе му одржат добра лекција, – изјави Ротен за „Радио Монте Карло“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни