Поврзете се со нас

Англија

По Торес, Манчестер Сити во следните 48 часа ќе потврди уште едно големо засилување

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден од Манчестер Сити го потврдија ангажманот на младиот крилен напаѓач на Валенсија, Феран Торес.

Торес потпиша петгодишен договор и на „Итихад“ пристигна како директна замена за Лерој Сане кој се пресели во Баерн Минхен.

Денес „Скај Спортс“ пренесува дека во следните 24 часа ќе биде готов уште еден трансфер на „граѓаните“.

Имено, Натан Аке за кого од претходно се објави дека е постигнат договор, пристигнал во Манчестер и во текот на утрешниот ден ќе замине на неопходните медицински прегледи пред да стави потпис на договорот.

Откако ќе ги мине прегледите, најдоцна до задутре холандскиот репрезентативец ќе биде промовиран како нов фудбалер на Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни