Поврзете се со нас

Европски првенства

По шокот со отсуството на Перишиќ, стигнаа резултатите и од останатите репрезентативци на Хрватска

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ ќе има сериозен проблем пред натпреварот со Шпанија затоа што нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите фудбалери на „коцкестите“, Иван Перишиќ.

Фудбалерот на Интер добил позитивен тест на коронавирусот и ќе мора да се изолира во следните десет дена што значи дека би можел да го пропушти целиот остаток на Хрватска на Европското првенство.

По позитивниот тест на Перишиќ веднаш беше спроведено вондредно тестирање на останатите хрватски репрезентативци, а тестовите од истото се негативни, па никој нема да мора да оди во изолација.

Тоа е олеснителна околност за селекторот Далиќ кој за натпреварот со „фуријата“ ќе може да смета на останатите репрезентативци.

– Свесни сме дека вакво нешто може да му се случи на секоја репрезентација и на секој поединец. Токму затоа од првиот ден ги почитуваме сите мерки за да спречиме можност за изолација на поголем број од играчите. Во контектст на новонастанатата ситуација, лекарската служба прави се за да спречиме евентуално ширење на вирусот. Истото го правевме и есента кога имавме слични поединечни случаи при Лигата на нациите.

– Тоа вклучва и антигенско тестирање кое потврди дека нема други заразени членови на репрезентацијата. Жал ни е што Иван нема да игра против Шпанија, но му посакуваме вирусот да му помине што побргу и со што помалку симптоми, -порача докторот на репрезентацијата на Хрватска, Саша Јанковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни