Поврзете се со нас

Италија

Пиоли го посочи играчот кој очекува да експлодира во наредната сезона

Објавено

на

Милан е една од екипите која е во најдобра форма во Италија по рестартот на шампионатот, а за тоа дефинитивно голема заслуга има тренерот Стефано Пиоли.

Пиоли ја пронајде соодветната формула, па така Милан игра добар, квалитетен фудбал и за тоа доби нов договор до 2022 година. Ова значи дека италијанскиот стратег ќе може слободно да се фокусира на сезоната, но и тоа што следи во наредната кампања во која очекува да блесне младиот Рафаел Леао.

-Леао има огромен потенцијал, со право се има високи очекувања за него. Тој расте, оваа година ќе биде важна за следната сезона. Тој работи многу подобро на тренинзи отколку на натпреварите, но ќе стигне таму. Има квалитет да ги отвори натпреварите, од почеток или од клупата за резерви. Следната година тој може да експлодира, или барем да биде поконзистентен, -порача Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни