Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Перфекционистот Емери со реален осврт по елиминацијата од Ливерпул

Објавено

на

Унаи Емери може да биде горд на играта која ја прикажа неговиот Вилјареал во првото полувреме на реваншот со Ливерпул, но шпанскиот перфекционист се обиде да биде максимално реален по поразот од 2:3 и елиминацијата во полуфиналето.

Емери порача дека подобриот тим се пласирал во финалето во Париз, а неговиот тим бил максимално изнемоштен во вториот дел по бруталниот напор кој беше вложен во првите 45 минути кои изгледаа дури и нереално за нивото кое го поседува „жолтата подморница“.

– Одигравме совршено прво полувреме, но за вакви тимови е потребно повеќе. Требаше да одиграме перфектно во одбрана и да се движиме како што се движевме во првиот дел. Тоа беше возбудувачки дел од мечот, но потоа работите се свртеа против нас. Жерард Морено повторно почувствува болки и не можеше да направи ниту еден спринт. Без него и Данжума, опциите во нападот ни беа навистина лимитирани.

– Не бевме исти во вториот дел, а нивниот прв гол не уништи на ментално ниво. Вистината е дека останавме без сили, а без такви ресурси, невозможно е да победите на два меча против Ливерпул.

– Не сакам да мислам само на првото полувреме од овој меч. Одигравме вкупно четири полувремиња со Ливерпул и бевме подобри само во едно, тоа е реалноста. Сакавме повеќе од тоа и мора да продолжиме да работиме. Бевме блиску до совршенство, но не можевме да го одржиме тоа 90 минути. Знам дека навивачите уживаа и дека доживеаја нешто магично. Ова не е крај на проектот, сакаме да имаме нови вакви моменти во иднина, – изјави Емери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни