Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер го совлада Хелиос во АБА2 лигата

Објавено

на

Фото: ABA league/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на Пелистер стигнаа до нова победа во регионалната АБА2 лига, совладувајќи го денес тимот на Хелиос (83:81) во Нови Сад.

Избраниците на Дарко Радуловиќ на полувреме имаа плус седум, следниот период ја најави, а последниот ја потврди драмата во која сепак битолчани излегоа како победници.

Хелиос не реализира важен напад, а потоа и шут за победа во последните секунди, со што македонскиот претставник врза две победи во ова натпреварување.

Мијовиќ со 18 и Маслинко со 16 поени беа најефикасни кај Пелистер, додека Махковиќ се истакна во редовите на Хелиос со 21 поен на оваа средба.

Денешната победа го остава Пелистер со шанси да избори место во плејофот, а тоа ќе треба да го потврди против Сутјеска во недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни