Поврзете се со нас

Франција

Откриена вистинската причина: ПСЖ сака да му врачи отказ на Тухел, но постои една „дебела“ кочница

Објавено

на

Томас Тухел успеа да го навлече гневот кај раководните луѓе на ПСЖ со своите изјави за лошото делување на трансфер пазарот, но посебно го разлути спортскиот директор Леонардо за кого се верува дека има отворен фронт со тренерот на првиот тим.

Бразилецот јавно истакна дека е крајно незадоволен од зборовите на германскиот стручњак, па и му порача дека му се отворени вратите за заминување доколку не е задоволен од ростерот со кој располага. Таквата изјава на Леонардо беше јасен доказ дека односот меѓу двајцата е расипан, по што се појавија и сериозни информации дека директорот веќе работи на пронаоѓање замена за германскиот стручњак.

Неколку месеци по историскиот успех и пласманот во големото финале во Лигата на шампионите, ПСЖ размислува на разделба со својот тренер, но угледниот „Ле Паризен“ тврди дека тоа нема да се случи до крајот на сезоната, освен ако клубот не планира да има дополнителна загуба од 10 милиони евра.

– ПСЖ во овој момент нема многу ресурси за купување, но ниту за „развод“ со тренерот. На осум месеци пред истекот на договорот на Тухел, да му се врачи отказ на него и неговиот стручен штаб ќе значи сериозно финансиско оптеретување. Постои клаузула за раскин на договорот која изнесува 10 милиони евра.

– Леонардо ќе мора да се помири со неговото присуство, иако јасно е дека тоа не му се допаѓа, – пишува угледниот весник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни