Поврзете се со нас

Франција

Сериозни искри во ПСЖ: Леонардо му ја отвори вратата за заминување на незадоволниот Тухел!

Објавено

на

ПСЖ со уверливи 6:1 го декласираше Анже и почна да се приближува до самиот врв на табелата во Лига 1 по лошиот старт на сезоната, па во најголем дел од случаите, серијата од четири победи во низа треба да донесе пријатна и релаксирачка атмосфера.

Случајот не е таков во ПСЖ каде изминатава ноќ имаше посериозен потрес, бидејќи спортскиот директор Леонардо јавно го искажа незадоволството и го прозва тренерот Тухел за неговите коментари во јавноста.

Тренерот на ПСЖ се пожали дека не добил никакви засилувања и дека во таква ситуација ќе биде тешко да се направи прогрес, зборови кои исклучително го испровоцираа спортскиот директор кој без влакна на јазикот му ја отвори вратата за заминување, доколку смета дека не се пронаоѓа во проектот.

– Тухел мора да ја сфати деликатната ситуација во која се наоѓа клубот. Имаме загуба од 100 милиони евра и мора да го почитуваме фер-плејот. На клубот и на мене лично воопшто не ни се допаднаа неговите изјави за недостатокот на засилувања.

– Ако некој не е задоволен, треба да си оди. Ќе разговарам лично со него за ова и ќе видиме како ќе се одвиваат работите, – изјави лутиот Леонардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни