Поврзете се со нас

Италија

Обвинителот кој иницираше сериозна казна за Јувентус, сега го „чешла“ и трансферот на Осимен

Објавено

на

foto: https://twitter.com/sscnapoli

Спортскиот обвинител Џузепе Чине ја отвори истрагата против Јувентус која резултираше со казна од 15 бода и суспензија за многу поранешни дирекетори во клубот од Торино, но истиот овој човек, сега ќе ја продолжи својата „војна“ со клубовите кои правеле финансиски малверзации.

Последната вест која пристигнува од Италија е поврзана за актуелниот лидер во Серија А, кој исто така се очекува да биде „чешлан“ од страна на Федералниот апелационен суд за контроверзниот трансфер на Виктор Осимен.

Јувентус заработи жестока казна поради неправилно финансиско работење, прикрирвање на документи и лажирање на трансфери, а за ова последното е отворена истрага и против Наполи.

Како што информира „Ла Република“, Чине отворил истрага и бара докази за вистинските документи за напаѓачот, кој во 2020-та година направи трансфер во Неапол за пријавена сума од 72 милиони евра, а вклучени беа и дополнителни бонуси.

Според информациите, ангажманот на Виктор не е комплетно чист и постојат големи сомнежи дека Де Лаурентис прикрил одредена сума од целиот трансфер, што ако се докаже, може да резултира со нов фудбалски потрес во Италија.

Наполи во моментов е лидер на табелата и има убава предност на табелата, но во случај да загуби бодови како Јувентус, може сериозно да се загрозат шансите да стигне до толку посакуваната титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни