Поврзете се со нас

Шпанија

Обамејанг ја испрати првата порака по хоророт во неговиот дом: Насилни кукавици…

Објавено

на

Ѕвездата на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг во овие моменти требаше само да размислува за потенцијалниот трансфер во Челси, но пред неколку денови тој и неговото семејство доживеаа многу непријатна епизода откако разбојници влегоа во неговиот дом.

Крадците освен што одземале пари и накит физички го нападнеле како Обамејанг така и сопругата пред нивнте деца со тоа што напаѓачот се здобил со скршеница на вилицата ќе мора најмалку еден месец да паузира и поради тоа под знак прашалник е преселбата во таборот на „сините“.

Во меѓувреме Габонецот одлучи да ги искористи социјалните мрежи и да испрати една порака, соопштение по немилиот настан.

-Здраволуѓе, многу ви благодарам на поддршката и пораките. Во неделата вечерта, некои насилни кукавици влегоа во нашиот дом и му се закануваа на моето семејство и децата само за да ни украдат вредни работи. Ми ја повредија вилицата, но за брзо време ќе се опоравам и му благодарам на Бог што никој физички не е повреден.

-Тешко е да се објасни и разбере чувството дека веќе не се чувствуваме сигурно во нашиот дом. Ама ние како семејство ќе го пребродиме ова и ќе станеме посилни. Ви благодарам на сите за поддршката, тоа многу ни значи, -порача Обамејанг.

Крадците му нанеле потешка повреда на Обамејанг, „виси“ трансферот во Челси

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни