Поврзете се со нас

Шпанија

Крадците му нанеле потешка повреда на Обамејанг, „виси“ трансферот во Челси

Објавено

на

Пјер-Емерик Обамејанг пред неколку денови имаше непријатна епизода во неговот дом во кој влегоа крадци кои физички ги нападнаа него и сопругата, а притоа и одземаа пари и накит.

Обамејанг бил претепан и ограбен во неговиот дом во Барселона

Тој немил настан сигурно ќе остави последици затоа што се случувал пред нивните деца, а во целата ситуација многу полошо поминал Габонецот чиј трансфер сега е загрозен и виси. Имено „Атлетик“ пренесува дека има скршеница на вилицата поради која ќе мора да биде надвор од терените меѓу четири и пет недели.

Ова е резултат на ударот кој го добил Обамејанг од лицата кои го ограбија неговиот дом. Ваквото сценарио носи неизвеност за тоа дали Челси сега ќе го комплетира неговиот трансфер, поточно дали ќе остане на својот став за зделката која според информациите скоро и да е договорена со Барселона.

Африканецот е дел од шпанскиот великан од почетокот на оваа година, а ако остане ќе биде соодветна замена за Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни