Поврзете се со нас

Светски првенства

Нови проблеми за Дешамп, двајца фудбалери „стопирани“ поради вирус

Објавено

на

Дидие Дешамп призна дека француската репрезентација има проблеми со вирусно заболување кое се проширило во тимот пред полуфиналето со Мароко, а тој проблем останува актуелен и пред финалето со Аргентина.

Француските медиуми објавија дека симптоми на вирус имало стоперскиот тандем Варан-Конате, што предизвикало и двајцата да пропуштат најмалку еден тренинг.

Лекарскиот тим е фокусиран на што побрзо враќање во комбинација на двајцата фудбалери, односно што е можно повеќе да го намалат ризикот од ширење на вирусот.

Од истата причина во полуфиналето не настапија Рабио, Упамекано и Коман, но Французите и без нив го победија Мароко и се пласираа во финалето.

Франција го игра дуелот со Аргентина во недела од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни