Поврзете се со нас

Италија

Неутешниот Дибала не можеше да ги сокрие солзите на последниот натпревар како член на Јувентус во Торино (Видео)

Објавено

на

Пауло Дибала исто како и Џорџо Кјелини вечерва против Лацио го одигра последниот натпревар во дресот на Јувентус пред домашната публика.

Аргентинецот не најде заедничи јазик со управата на клубот и ова лето како слободен агент ќе пронајде нова средина каде ќе ја продолжи кариерата.

По крајот на натпреварот против Лацио беше организиран почесен круг на играчите околу „Алијанц“ стадионот, а при тој круг Дибала не можеше да ги задржи емоциите.

Аргентинецот изгледаше неутешно и постојано плачеше, а неговите соиграчи беа покрај него за да го поддржат.

Навивачите од трибините исто така му дадоа поддршка на Дибала, кој за разлика од Кјелини емотивно „прсна“ и не можеше да запре да плаче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни