Поврзете се со нас

Франција

Нант го отпушти тренерот во пресрет на клучните битки за опстанок

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCNantes

Финишот на сезоната во француското првенство значи тешка борба за опстанок на Нант, а францускиот клуб реши таа борба да ја води без досегашниот тренер.

Антоан Комбуаре добил отказ од раководството на Нант поради лошата резултатска серија, која подразбира дека „канаринците“ немаат победа уште од 12 февруари, поради што се најдоа во опасната зона.

Нант во последното коло загуби од директниот ривал за опстанок, екипата на Стразбур, а се чини дека тоа е и клучен момент што Комбуаре нема да добие нова шанса на клупата на оваа екипа.

Привремено, замената ќе биде досегашниот тренер на У-19 тимот, Пјер Аристој, но нему ќе му помага и тренерот на женскиот тим, Освалдо Вицарондо.

На четири кола до крајот, Нант е во опасната зона со 32 бода, два помалку од Оксер и три помалку од Брест и Стразбур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни