Поврзете се со нас

АТП

Надал го прокоментира заминувањето на Меси од Барселона

Објавено

на

Големиот број реакции за разделбата на Лионел Меси и Барселона се надополнети со коментарот на Рафаел Надал.

Шпанскиот тенисер кој е фан на Реал Мадрид има свој став за заминувањето на Аргентинецот не само од каталонскиот гигант, туку воопшто и од Ла Лига.

– Очигледно е дека фудбалот како и другите спортови има сериозни последици од пандемијата. Ова посебно важи за клубовите кои не се финансирани од државите.

– Разбирам дека Барселона се обиде да направи се што може, но не успеа да го задржи Меси, веројатно тоа било невозможно.

– Како фудбалски фан, можам да кажам дека е тажно што нема да го гледаме Меси во шпанското првенство, без разлика што ова мораше да се случи еден ден. Му посакувам успеси без разлика каде ќе продолжи, ќе мора да уживаме во неговите игри во некоја друга лига – изјавил Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни