Поврзете се со нас

Англија

Мојс посочи која е разликата меѓу неговиот и периодот на Солскјер на клупата на Јунајтед

Објавено

на

Сите менаџери на Манчестер Јунајтед во ерата по Алекс Фергусон мора да се соочат со споредбите со тој успешен период и големите очекувања на фановите.

Клубот промени повеќе тренери по пензионирањето на Ферги, а негов директен наследник беше Дејвид Мојс. Иако првично ја доби довербата на Јунајтед, Мојс не издржа многу пред отказот, а денеска вели дека не добил доволно време од раководството.

Токму тоа е и најголемата разлика од неговиот ангажман и тој на актуелниот менаџер Оле Гунар Солскјер.

– Оле имаше тежок старт, но разликата меѓу мене и него е што тој доби повеќе време.

– Тој вметнува фудбалери од академијата во тимот, нешто што отсекогаш било традиција за Јунајтед. Сега имаат одлични млади фудбалери, се работи за одлично место за нив и според мене најголем клуб во светот, – вели Мојс, кој со Вест Хем ќе му гостува на Јунајтед утре од 19 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни