Поврзете се со нас

Свет

Миовски ќе тресе мрежи за четирикратниот шкотски шампион

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски ја заврши приказната со МТК Будимпешта од Унгарија и во новата сезона ќе го гледаме во најсилната фудбалска конкуренција во Шкотска.

Напаѓачот ќе се испроба на островот каде ќе го носи дресот на Абердин со кого потпиша четиригодишен договор. Тоа е клуб кој е четирикратен шкотски шампион од кои три се под воство на легендарниот сер Алекс Фергусон кој „грмеше“ во оваа средина пред да се пресели во Манчестер Јунајтед и испише историја.

Ова е нов предизвик за Бојан, најголем во досегашната кариера со оглед на тоа што ќе може да игра против европски великани како Селтик и Ренџерс.

Во досегашната кариера има настапувано уште во Македонија каде беше дел од Брегалница, Работнички, Македонија ЃП и Ренова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни