Италија
Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец

Иако има доста да се одигра до крајот на оваа сезона, клубовите веќе размислуваат, кројат планови и за наредната при што дефинитивно ќе имаме судири на добро познати тимови за одредени играчи кога е во прашање летниот преоден рок.
„Тутоспорт“ и „Газета Дело Спорт“ пренесуваат дека Интер и Милан имаа иста трансфер цел, а тоа е новиот италијански репрезентативец Матео Ратеги. Ратеги е играч на Бока Јуниорс кој игра на позајмица во Тигре, а добрата негова форма беше препорака да биде повикан од селекторот Роберот Манчини за дуелите со Англија и Малта.
Тука Матео ќе има можност да се покаже и докаже дека е спремен за трансфер во Европа. Наводно Интер води во трката за неговиот потпис, но ако се суди по изјавата на таткото на напаѓачот кој е воедно него агент „нероаѕурите“ ќе треба сериозно да се потрудат затоа што конкуренцијата е жестока.
-Многу клубови го бркаат и играат во Европа очигледно е неговиот сон. Заинтересирани се клубови од Германија, Италија, Шпанија, Германија и од Премиер лигата. Засега Матео е фокусиран на „аѕурите“, тој е среќен и возбуден, убеден во својата одлука, -истакнал Карлос.
-
Англијапред 17 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 14 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 19 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
АТПпред 7 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Германијапред 16 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 18 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 10 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)