Поврзете се со нас

Франција

Мбапе добил атрактивна понуда и таа не е од Реал Мадрид

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе се најде во незавидна позиција и второ лето по ред генерира трансфер сага, чиј епилог тешко може да се предвиди во оваа на преодниот рок.

Со одлука на ПСЖ, Французинот нема да биде дел од составот на турнејата во Јапонија, со што продолжи „студената војна“ со раководството, кое инсистира Мбапе да реализира трансфер ова лето и да донесе очекуван профит за клубот.

Денеска стигна нова информација пренесена и од „Лекип“, а истата вели дека Мбапе добил атрактивна понуда од Саудиска Арабија, поточно Ал Хилал му понудил едногодишен договор за кој ќе добие сериозна сума, додека ПСЖ би добил 100 милиони евра за трансферот.

ПСЖ со последната одлука сака да им стави на знаење и на другите ѕвезди дека ниту еден фудбалер не е поголем од клубот, а истовремено му предочува на Мбапе дека треба да најде брзо решение и нова средина.

Саудијците нема да штедат пари за Мбапе, а Ал Хилал веќе ги ангажираше Милинковиќ-Савиќ, Кулибали и Невеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни