Поврзете се со нас

Лига на нации

Македонија со 10 играчи на теренот се избори за драматично реми против Грузија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш покажа импресивен тимски карактер, дури и во ситуација кога се соочи со две крајно непријатни ситуации во кус временски интервал во второто полувреме од мечот кој вечерва се одигра во Скопје.

Во пресметката со Грузија која беше прилично мирна до 68-та минута, Столе Димитриевски имаше еден непотребен излет од голот и заслужено доби црвен картон за играње со рака, по што теренската иницијатива комплетно ја преземаа гостите.

Седум минути по црвениот карто на нашиот голман, Кварачелија со одличен продор и уште подобар удар го матираше голманот Шишковски, кој во продолжение сепак беше фантастичен и со две клучни интервенции спречи двојно водство за Грузија. Тоа им даде шанса на нашите играчи да направат притисок во завршните минути, а истиот резултираше со една одлична шанса која не ја искористивме, но потоа и со пенал кој успеавме да го реализираме.

Зајков се избори за најстрога казна по една мешаница во 92-та минута, а една минути подоцна, прецизен реализатор на ударот од 11 метри беше Џани Алиоски.

Македонија на овој начин уште еднаш го демонстрираше своето лавовско срце, па и во ситуација кога играше со играч помалку, се избори за реми и бод кој може да биде многу важен во групата. Избраниците на Ангеловски остануваат први во групата и го делат ова место со Грузија, репрезентација која за еден месец ќе ни биде противник и во најважниот меч во историјата на нашиот фудбал, во кој ќе бркаме пласман на едно Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни