Поврзете се со нас

Светски првенства

Литванците подобри од Словенија, ќе се борат за петтото место на СП

Објавено

на

Фото: www.fiba.basketball

Литванската кошаркарска репрезентација ќе се бори за петтото место на кошаркарскиот мундијал, за што се избори со денешната победа над Словенија (100:84).

Двете селекции загубија во четвртфиналните пресметки и им остана да разигруваат од 5 до 8. место, а Лука Дончиќ и неговите репрезентативни колеги доживеаја и втор пораз во два дена.

По вчерашниот од Канада, Словенците денеска немаа решение ниту за Литванија, која стигна до уште еден триумф на ова СП и закажа интересен меч со Летонија.

Валанчијунас со 24 поени и 12 скокови беше најдобар поединец кај победничката селекција, додека Дончиќ реализираше 29 во редовите на Словенија.

Словенија ќе се бори за седмото место против Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни