Поврзете се со нас

Лига Европа

ЛЕ: Обамејанг го круниса хет-трикот со гол со ножички, сигурни победи на Ливерпул и Баер (Видео)

Објавено

на

Фото:https://twitter.com/OM_English

Олимпик Марсеј го победи Ајакс во драматичното дерби во Лига Европа (4:3), а најзаслужен за ваквиот епилог за домаќините беше искусниот Пјер-Емерик Обамејанг.

Напаѓачот на францускиот клуб постигна хет-трик, а покрај двата реализирани пенали, постигна и атрактивен гол со ножички. Мбемба еднаш реализираше за Марсеј, додека Броби со два и Акпо со еден погодок беа стрелци во редовите на Ајакс.

Ливерпул со убедливи 4:0 го совлада ЛАСК, а рутинската победа ја донесоа Диаз, Салах и Гакпо со два гола.

Максималниот учинок го задржа Баер Леверкузен, овојпат со победа над Хакен, додека Рома ремизираше на гостувањето кај Сервет (1:1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни