Поврзете се со нас

Англија

Лампард преговарал со Астон Вила, но клубот му дал предност на Џерард

Објавено

на

Френк Лампард водел тајни преговори со Астон Вила за преземање на менаџерската функција од Дин Смит, но раководството на клубот му дало на неговиот поранешен колега од националниот тим, Стивен Џерард.

Џерард беше именуван за нов менаџер на Вила, екипата која влезе во лоша резултатска серија и е блиску до опасната зона, а главен ривал му бил токму Лампард.

Лампард ги направил потребните интервјуа и бил блиску до позицијата, но на крајот Џерард добил предност и веќе ја доби својата прва работа како премиерлигашки менаџер.

Во меѓувреме, Лампард се повлече од трката за менаџер на Норвич, а сега е најавен како евентуален наследник на Брендан Роџерс во Лестер.

Се почесто се појавуваат шпекулации дека Роџерс има договор со Манчестер Јунајтед и ќе биде наследник на Оле Гунар Солскјер, а Лампард решил да тактизира и да биде трпелив, очекувајќи тој да ги преземе „лисиците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни