Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Куманово имаше триминутно „помрачување“ во финишот и направи од готово-вересија

Објавено

на

Куманово направи од готово-вересија на натперварот против Теодо од Тиват на домашен терен, па со тоа го претрпе вториот пораз на третиот натпревар во БИБЛ лигата оваа сезона.

Во натпреварот во кој имаше резутлатска вртелешка на семафорот, двата тима имаа свои добри периоди, но кога се чинеше дека кумановци се на прагот од втора победа, го претрпеа вториот пораз.

Причина за тоа е неверојатното помрачување во последните три и пол минути од средбата, кога од позитива од плус осум (77:69), на крајот претрепа пораз од пет поени разлика.

Гостите од Тиват направија серија од 14:0 и ги искористија падот на домашните играчи кои комплетно застанаа, па на крајот славеа со 78:83 за свој трет триумф во БИБЛ лигата.

Рос со 23 поени и 11 асистенции беше најдобар поединец во редовите на Куманово, следен од Андрејевиќ кој уфрли 18 поени. Следен предизвик на Куманово во БИБЛ ќе биде тимот на Академик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни