Поврзете се со нас

АТП

Корда го одјави Медведев во Шангај, мечот одбележан со атрактивен поен (Видео)

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/RolexSHMasters

Себастијан Корда го одигра најдобриот меч годинава и стигна до најважната победа во досегашниот тек на кариерата.

23-годишниот американски тенисер утринава го победи Данил Медведев со 2:0 во сетови, елиминирајќи го третиот носител и еден од фаворитите за трофејот на Мастерсот во Шангај.

Клучен момент беше тај-брејкот во првиот сет, во кој Медведев не ги искористи своите шанси (три сет топки), па беше казнет од Корда, кој во вториот сет беше многу посигурен и го доби со 6:2 за пласман во следната рунда во Шангај.

За американскиот тенисер ова е прва победа против Топ 5 тенисер во кариерата, а во следната, осминафинална рунда ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Фучович и Черундоло.

Како надополнување за подолго сеќавање на овој меч е видеото од поенот кој според многумина е еден од најдобрите годинава на тениската сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни