Поврзете се со нас

НБА

Кер за бројот на слободни фрлања на Лејкерс: Не смеам да коментирам бидејќи мајка ми е тука (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/warriors

Голден Стејт загуби на дербито со Лос Анџелес Лејкерс, во натпревар кој имаше многу драма и две продолженија, а на крајот ЛеБрон Џејмс извлече прекршок и го реши победникот на 1,2 секунди до крајот.

Гостите добиле дури 43 слободни фрлања во текот на средбата, додека избраниците на Стив Кер имаа 16 „пенали“, разлика која не остана изигнорирана од новинарите, па и од самиот тренер на Голден Стејт.

Кер индиректно го потврдил своето незадоволство, иако се воздржал од повеќе коментари наведувајќи го како причина присуството на својата мајка.

– Би можел да коментирам за бројот на нивните слободни фрлања, но мајка ми е тука и сакам да се однесувам добро.

– Нема да коментирам што Кари доби три слободни фрлања за 43 минути игра, – рекол иронично Кер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни