Карате
Каратистите на Макпетрол освоија седум медали на „Кроација Опен“
Карате клубот Макпетрол изминатиов викенд учествуваше на силниот меѓународен турнир „Кроација Опен“ во Ријека, на кој во конкуренција биле 1703 каратисти од 21 земја.
Успешниот настап на осумте претставници на Макпетрол е комплетиран со седум медали, од кои пет сребрени и два бронзени, што е добра најава во пресрет на Светското првенство кое ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати.
Сребрени медали освоиле Петар Спасеновски (сениори опен категорија), Роберт Ацковски (категорија до 67 кг), Ангела Мојсовска (категорија до 68 кг) и Стефан Стојановиќ (две сребра), додека бронзени одличија освоиле Петар Заборски (сениори опен категорија) и Глигор Петков (до 84 килограми).
Тренерот Бошко Заборски го оцени учеството на Макпетрол на силниот турнир како успешно.
– Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен интернационален турнир. Тоа што се одржува непосредно пред почетокот на светското сениорско првенство кое треба да се одржи во Дубаи, затоа повеќе држави дојдоа со своите сениори и направија извонредна контрола на моменталната форма, тоа го направивме и ние. Како клуб со нашите репрезентативци освоивме вкупно седум медали и поради тоа сме многу задоволни, имавме дури пет финалиња со по четири последователно добиени борби од страна на нашите спортисти.
– Сениорските репрезентативци Петар Заборски, Петар Спасеновски и Ангела Мојсовска покажаа добра форма и голема борбеност. Сакам да истакнам и тоа дека нашиот актуелен европски јуниорски првак, на овој турнир направи вкупно 10 борби. Учествуваше во две финалиња и кај јуниорите, но ние го при(јавивме и во (У21) постари јуниори бидејќи тој во месец февруари полни 18 години. Стефан Стојановиќ го потврди својот голем квалитет и освои две сребрени медали на овој силен турнир, вели Заборски.
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор