Поврзете се со нас

Карате

Каратистите на Макпетрол најуспешни на младинското државно првенство

Објавено

на

Изминатиов викенд, во Гостивар се одржа македонското државно првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21).

На првенството имаше пријавено 224 каратисти од 46 клубови од цела Македонија, кои се натпреваруваа во дисциплините кумите (борба) и кати во поединечна и екипна конкуренција.

Првенството имаше критериумски карактер за избор на Македонската карате репрезентација која треба да настапи на европското првенство во Прага, Чешка, кое треба да се одржи во првата недела од февруари, 2022 година.

Младите каратисти на Макпетрол на ова првенство покажаа голема доминација, енергичност и извонредна подготвеност. Показател за нивната успешност е фактот што од вкупно 9 пријавени категории, имаа 7 финалиња.

Тие успеаја да освојат вкупно 9 медали од кои 7 златни и 2 бронзени. Злато освоија Марија Петрова – 50 кг постара јуниорка,(У21), Викторија Јовановска постара јуниорка (У21), Абдурахим Идризи -60 кг постар јуниор (У21), Глигор Петков -84 кг, постар јуниор (У21), Стефан Стојановиќ + 84 кг, постар јуниор (У21), Витомир Трајковски -76 кг јуниор и Данило Божовиќ јуниор +76 кг, додека со бронзени медали се закитија Димитер Лозановски кадет -63 кг и Даријан Тасевски постар јуниор -+84 кг.

Пласман на Европското првенство оствари и Јована Мицовска, таа првиот ден беше второ рангирана, но преку борбите во плејофот успеа да оствари пласман и да биде прворангирана во својата категорија Јуниорки -59 кг.

Зад тимот на Макпетрол, во генералниот пласман според освоените медали се најдоа Олимпик – Скопје, Гладијатор- Велес, Фунакоши Гичин – Скопје и тимот на Штип.

– Задоволни сме од настапот на нашите млади каратисти и од постигнатиот резултат на ова државно првенство, кое имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Македонија. За ова првенство работевме и се подготвувавме многу сериозно. Показател за нашата успешност секако е резултатот кој го остваривме на Балканското првенство , кое се одржа минатата недела во Ријека ( да потсетиме таму освоивме 4 сребрени и две бронзени медали).

– Бевме многу мотивирани и демонстриравме модерно олимписко карате. За нас како клуб, приоритетно е дека докажаните репрезентативци во борбите и двата дена, односно првиот ден кога станаа државни шампиони, и вториот ден кога се одржаа борбите од плејофот ги потврдија своите квалитети и влегоа во националниот тим. Докажаните европски медалисти Стефан Стојановиќ, Абдурахим Идризи и Глигор Петков се пласираа на европското првенство , дел од репрезентацијата ќе бидат и Марија Петровска, Витомир Трајковски и Јована Мицовска, останува да жалиме само поради тоа што нашата потенцијална репрезентативка која е на ниво да донесе медал од европското првенство Викторија Јовановска иако беше државен првак не успеа да се пласира и нема да биде дел од тимот за европското првенство во Прага, вели тренерот Петар Заборски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни