Поврзете се со нас

Лига Европа

Каква драма во Португалија: Милан по 12 пенал серии успеа да обезбеди место во Лига Европа (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Милан со судни маки обезбеди место во групната фаза на Лига Европа.

Калчолигашот важеше за огромен фаворит во пресмерката со Рио Аве, но домаќинот се покажа како многу жилав противник кој малку фалеше да направи вистинска сензација. Резуларниот дел заврши без победник 1-1 за да продолжението започен со гол на Желсон за водство од 2-1.

Овој резултат беше активен се до самата завршница на второто продолжение кога „росонерите“ добија удар од 11 метри кој го искористи Чалханоглу за 2-2 што значеше дека пенал рулетот ќе го одреди патникот во следната фаза.

Вистинска драма донесоа пеналите, се изведоа вкупно 24, а фавориот победи со 9-8 во истите. Во последната серија за Милан стрелаше Кјаер, додека за Рио Аве промаши Адерлан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни