Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите минимално поразени од Швајцарија, следи решавачкиот дуел со Косово

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонската ракометна репрезентација до 18 години доживеа пораз од Швајцарија од 27:26 во втората средба од квалификациите за Европското првенство.

Вчера избраниците на Наум Танески ја добија Словачка, но денеска немаа решение за Швајцарците или поточно како клучно се покажа првото полувреме кое противникот го доби со 15:10.

Ние во вториот дел се обидувавме да направиме кам-бек, притискавме, ама и покрај тоа што одигравме на повисоко ниво тоа не беше доволно за да се дојде до позитивен резултат. Најефикасен беше Митев со шест погодоци, по пет постигнаа Ристевски и Пецаноски.

Сега за македонските надежи следи клучниот меч за пласман на ЕП, пресметката со Косово кој претрпе два убедливи порази од Словачка и Швајцарија, односно со триумф треба да обезбедиме место на кадетскиот континентален собир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни