Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ испорача трипл-дабл, но го промаши шутот за победа против Клиперс (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ имаше уште една МВП партија на гостувањето кај Л.А Клиперс, но не успеа да го погоди шутот за победа на актуелниот шампион Денвер.

Тренерот Мајк Мелоун доби исклучување поради кавгите со судиите, а Денвер во првиот дел од мечот имаше и плус 17, но на крајот се радуваа Џорџ, Харден и останатите.

Двоецот на Клиперс го заврши натпреварот со 28, односно 20 поени, додека Јокиќ зад себе запиша 36 поени, 17 скокови и 10 асистенции.

Ирвинг со 26 и Дончиќ со 25 поени ја зацврстија позицијата на Далас на табелата, обезбедувајќи триумф над Атланта, додека Кари и Томпсон постигнаа по 29 поени за важен триумф на Голден Стејт на гостувањето кај Хјустон.

Л.А Клиперс – Денвер 102:100
Хјустон – Голден Стејт 110:133
Њујорк – Сакраменто 120:109
Мајами – Филаделфија 105:109
Далас – Атланта 109:95

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни