Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски втор стрелец во 14. победа на Вашингтон Стејт (ВИДЕО)

Објавено

на

Вашингтон Стејт на македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски ја забележа 14. сезонска победа во НЦАА лигата.

Јакимовски и неговите другари беа подобри од универзитетот Јута со 79:57 со што потврдија дека се во одлична форма со оглед на тоа што за екипата ова беше четврто славје во последните пет натпревари.

Првото полувреме беше израмнето и заврши со резултат 33:30, но второто мина комплетно во знакот на Кугарс кои со 46:27 го потврдија статусот на фаворити.

Со вкупно 14 поени Андреј беше втор стрелец во Вашингтон, поефикасен од него беше само Џонс кој реализираше дабл-дабл од 17 кошеви и 10 скокови.

Наредната средба за Македонецот и колегите е против Колорадо на 27 јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни