Поврзете се со нас

Италија

Имобиле збесна на клупата откако беше заменет од Сари (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио го победи Сасуоло и го задржа второто место на табелата во Серија А, но тренерот Маурицио Сари го налути Чиро Имобиле поради одлуката да го повлече од игра во вториот дел.

Имобиле мораше да го напушти теренот уште во 68. минута, а очигледно тоа воопшто не му се допадна, па бесот го покажа откако седна на клупата за резерви.

Реакцијата веднаш стана вирална на социјалните мрежи, па јасно е дека Имобиле ќе има разговор со Сари на оваа тема.

– Не сум зборувал со него, но моја задача е да му овозможам да биде подготвен сто проценти. Тоа не може да го постигне играјќи цел натпревар секој трет ден, – изјавил Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни