Поврзете се со нас

Формула 1

Хас и Алфа Ромео издоминираа на Твитер по фантастичните квалификации во Бахреин

Објавено

на

Вчерашното отворање на Формула 1 сезоната со квалификациите во Бахреин значеше потврда дека некои тимови сериозно напредувале, дел имаат уште многу работа да го постигнат посакуваното ниво, а има и такви кои изненадија позитивно со перформансите.

Ако резултатите на Ферари и Ред Бул не се големо изненадување и можеа да се насетат, од сенка излегоа екипи како Хас и Алфа Ромео чии болиди имаа одлични времиња.

Хас од целосен аутсајдер изминатите сезони, вчера стигна до седмото и дванаесеттото место преку Кевин Магнусен и Мик Шумахер, додека Алфа Ромео не само што учествуваше во третата сесија, туку нејзиниот нов возач Валтери Ботас се избори за шеста стартна позиција.

Хас и Алфа Ромео го украдоа шоуто во Бахреин, а возбудата феноменално ја пренесоа и на своите Твитер профили.

По најдобрите квалификации во својата историја, од Хас признаа дека и самите се изненадени со резултатот пред се на Магнусен.

Алфа Ромео ја искористи соработката со Ферари за да има многу подобар болид сезонава, а Твитер профилот на овој тим не се штедеше по одличниот резултат на Ботас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни