Поврзете се со нас

Англија

Халанд ќе стане најплатен играч во Премиер лигата

Објавено

на

Ерлинг Халанд ги оправдува очекувањата по трансферот во Манчестер Сити, а англискиот клуб сака да ја зацврсти позицијата во обидот да го задржи што подолго на „Итихад“.

Според „Сан“, Сити веќе испратил понуда до агентите на Норвежанецот, со која Халанд би ставил потпис на договор до 2028 година, но со изменети клаузули и многу поголема плата за фудбалерот.

Халанд би заработувал по 570.000 евра неделно, со што ќе стане најплатен играч во Премиер лигата, а Сити веројатно ќе сака да ја елиминира и откупната клаузула од 200 милиони евра која се активира во 2024 година.

Во моментов Халанд заработува околу 452.000 евра неделно, па статусот на најплатен играч го дели со Кевин де Брујне и Давид Де Хеа.

Потегот на Сити е потврда дека Реал Мадрид е сериозен во желбата да ја активира откупната клаузула на Норвежанецот во 2024 година, со што би довел „галактико“ засилување на „Сантијаго Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни