Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Халанд го „пецна“ поранешниот клуб: Тие не ме запреа, им дадов гол

Објавено

на

Манчестер Сити мораше добро да се испоти да го совлада составот на Борусија Дортмунд кој на „Итихад“ водеше до 80 минута, но на крајот мораше чесно да му честита на домаќинот за славјето од 2-1.

Како човек на одлука се покажа токму некогашниот играч на „милионерите“ Ерлинг Халанд кој во 84 минута даде страшен акробатски погодок по фантастичната топка која во казнениот простор ја испрати Жоао Кансело.

Инаку Дортмунд добро го чуваше Халанд, но Норвежанецот сепак пронајде начин да даде гол и тоа за победа, па на крајот го пецна тимот чиј дрес до „вчера“ го носеше.

-Тие не ме запреа, јас дадов гол. Ама одиграа добро, беа добри. Бев сосема сигурен дека ќе ме пратат цел натпревар бидејќи Един Терзиќ [тренерот на Дортмунд] ме познава многу добро. Дортмунд беше навистина добар, меѓутоа трите бода се тие што се важни.

-На крајот покажавме што сме. Тоа сме ние и вака треба да играме. Горд сум на последните 20, 25 минути. Постигнавме два прекрасни гола – мојот беше малку подобар, искрено! Тоа беше убав центаршут на Кансело, -порача херојот на „граѓаните“.

Гвардиола за мајсторијата на Халанд: Тој гол ме потсети на Кројф и мојот драг пријател Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни