Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола за мајсторијата на Халанд: Тој гол ме потсети на Кројф и мојот драг пријател Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Сити со пресврт дојде до победата над Борусија Дортмунд (2-1), победа која ја обезбеди Ерлинг Халанд со страшен акробатски погодок во 84 минута.

Жоао Кансело испрати фантастична топка во казнениот простор по што следуваше уште подобра реакција на Норвежанецот кој летна во воздух и ја смести топката во мрежата на неговиот поранешен клуб.

Сите беа воодушевени од оваа мајсторија на Халанд, а свој коментар на истата даде Пеп Гвардиола кој го спореди овој гол со оној на легендарниот Јохан Кројф против Атлетико Мадрид, но интересно воедно го спомена и Златан Ибрахимовиќ со кого немаа баш пријатна епизода во Барселона.

-Луѓето кои ме познаваат знаат каков влијание имаше Јохан Кројф врз мојот живот како личност, ментор и пред многу години постигна неверојатен гол на Камп Ноу за Барселона против Атлетико Мадрид.

-Во моментот кога Ерлинг го постигна голот помислев дека е доста сличен. Се сеќавам на мојот драг пријател Ибрахимовиќ кој ја има оваа способност да ја стави ногата на покрив, а Ерлинг е доста сличен во тоа. Мислам дека тоа е неговата природа, тој е еластичен, флексибилен е и има способност да воспостави контакт и да ја стави топката во мрежата. Мислам дека неговата мајка и татко му ја даваат таа флексибилност, -истакна Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни